Home Актуелно Твитерџиите предупредуваат: Ноќва ќе се руши споменикот на Александар Македонски!?

Твитерџиите предупредуваат: Ноќва ќе се руши споменикот на Александар Македонски!?

Поради доаѓањето на Коѕијас, целата македонска Твитер заедница алармира дека ноќва ќе биде направен обид да се сруши споменикот на Александар Македонски кој се наоѓа на плоштадот Македонија во центарот на Скопје.

На Твитер и Фејсбук се објавуваат фотографии од огромен кран со носивост од 80 тона кој е способен да го крене целиот споменик.

Според Твитер заедницата кранот е од моделот KATO NK 800 и е донесен од Бугарија специјално за оваа намена. Истите пишуваат дека и полицијата се подготвува за овој чин и за реакцијата на населението.

Македонците веќе најавија дека по секоја цена ќе го спречат тргањето на споменикот и омаловажувањето кое тој чин би го направил македонскиот народ.

После објавите на Твитер заедницата, народ почна да се собира на плоштад.

Извор: Република

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…