Home Шоубизнис Миранда од „Сексот и градот“ ќе се кандидира за гувернер на Њујорк

Миранда од „Сексот и градот“ ќе се кандидира за гувернер на Њујорк

Синтија Никсон, актерката која го играше ликот на Миранда Хобс во хит серијата „Сексот и градот“ објави дека ќе се кандидира за гувернер на Њујорк.

Борбата против актуелниот гувернер, демократот Ендру Квомо, Никсон ја најави на Твитер. „Го сакам Њујорк и денес ја најавувам своајта кандидатура за гувернерка“, објави Никсон преку видео снимка.

Додаде дека таа е прогресивна активистка која се гандидира за гувернерската позиција во борба за подобар, порамноправен Њујорк. Во видеото кое го објави, изјави дека никогаш не сакала да живее на друго место, како и дека пораснала во едносавен стан со својата мајка.

„Мисам дека на водечките позиции треба да бидат повеќе луѓе кои не се белци, повеќе жени и повеќе припадници на ЛГБТ популацијата“, изјави Никсон.

После завршувањето на популарната серија, Никсон се посвети на активизмот за правата на ЛГБТ заедницата, заговарајќи јавно образование и репродуктивни права. Таа ќе биде првата геј кандидатка за гувернер на една држава во САД.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …