Бившиот премиер на Каталонија, Карлес Пуџдемон објави дека се откажува од кандидатурата за премиер на каталонската влада.
Во видео порака Пуџдемон вели:
„Го информирав претседателот на каталонскиот Парламент дека се откажувам времено од кандидатурата за премиер.
Парламентарната група на неговата партија Заедно за Каталонија го предлага за кандидат за премиер Жорди Санчес, лидер кој е исто така обвинет за бунт и е во шпански затвор.
Пуџдемон се наоѓа во егзил во Белгија.