Home Шоубизнис После веста дека се разведува, објавени детали од предбрачниот договор на Џенифер Анистон

После веста дека се разведува, објавени детали од предбрачниот договор на Џенифер Анистон

Американските актери Џенифер Анистон и Џастин Теру соопштија дека донеле заедничка одлука за развод. Во соопштението објавено од публицистот на Анистон се наведува дека одлуката била донесена заеднички и со многу љубов.

Тие одлучија да соопштат и да објаснат дека се разведуваат во обид да ги спречат шпекулациите. Парот наведува дека ќе продолжат да се почитуваат и ќе ја задржат љубовта што ја имаат еден спрема друг.

Веднаш после објавата дека се разведуваат започнаа шпекулациите како холивудските ѕвезди ќе го поделат имотот. Меѓутоа медиумите открија дека пред да се венчаат парот направил „челичен“ предбрачен договор.

Како што пренесуваат медиумите Џенифер во својата кариера има заработено неверојатни 200 милиони долари, додека Џастин „тежи“ само 20 милиони.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …