„Крстарење од пеколот“: Масовни тепачки на крузер (видео)


Спасе Манев (Патувања низ Македонија): Ги откриваме скриените убавини на Македонија ↓↓↓


Пловењето со крузер за многумина претставува идеален одмор, но кога ќе ја погледнете оваа снимка, ќе се запрашате дали навистина сакате таква авантура.

На крузерот „Канивал леџенд“ кој 10 дена крстареше низ Јужен Пацифик, патниците имаа кошмарно искуство поради постојаните расправии и тепачки на едно 23-члено семејство.

Камерите снимиле жестока тепачка на поголем број патници, а некои патници морале да се заклучуваат во кабините за да го избегнат насилството.

Патниците вознемирени раскажуваат дека членовите на ова семејство постојано почнувале расправии со другите гости. Лиса Болито изјави дека „големото италијанско семејство“ со денови ги напаѓале Австралијците на бродот, а некои биле малтретирани, давени и тепани.

Насилното семејство било принудно изнесено на вонредно застанување во Нов Јужен Велс, а полицијата отвори истрага.