Home Вебкафе Вистината за фотографијата на која Вучиќ носи пиво зад Шешељ

Вистината за фотографијата на која Вучиќ носи пиво зад Шешељ

Веќе неколку години, откако е Вучиќ во врвот на политиката во Србија, на социјалните мрежи се споделува фотографија на која денешниот српски претседател носи гајба пиво во просторијата во која седат Томислав Николиќ и Војислав Шешељ.

Имајќи во предвид дека Вучиќ некогаш беше член на партијата од Шешељ, многумина го нарекуваат негов поттрчко, а фотката им служеше како добра зафрканција. Но, вистината е дека станува збор за фотомонтажа.

Иако Вучиќ беше послушен следбеник на Шешељ, сепак, на фамозната фотка не носи гајба пиво, туку две кутии со непозната содржина. Оригиналната фотка се појави на Твитер, а доказ дека на другата фотографија станува збор за монтажа е фактот дека пивото „Јелен“ во ’90-те години имаше малку поразлично лого.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Ѓаволот ја носи Прада 2 официјално доаѓа – Почна снимањето, а новата актерска ѕвезда ги изненади сите!

Миранда Пристли се враќа — и овојпат носи многу повеќе од модни ултиматуми! Чекањето заврш…