Home Спорт Видео: Јокиќ го срушти Голден Стејт, Хјустон го прегази Кливленд

Видео: Јокиќ го срушти Голден Стејт, Хјустон го прегази Кливленд

Синоќа се одиграа нови осум НБА натпревари, а најмногу внимание привлекоа поразите на Голден Стејт и Кливленд.

Голден Стејт Вориорс беше поразен од Денвер со резултат 115-108, а херој за Нагетс беше српскиот репрезентативец Никола Јокиќ кој мечот го завршис о 19 поени и 9 скока.

Кај „воините“, а воедно и на мечот, најефикасен беше Кевин Дурант со 31 поен, но и тоа беше недоволно за позитивен резултат.

Леброн и дружината убедливо беа поразени на домашен терен од Хјустон со резултат 88:120. „Ракетите“ до победата ги предводеше Крис Пол со 22 поени и 11 асистенции, а Рајан Андерсон запиша 22 поени. Кај домашните потврли Леброн Џејмс кој имаше само 11 поени.

Резултати:
ЛА Клиперс – Чикаго 113: 103
Детроит – Мајами Хит 111: 107
Орландо – Вашингтон 98: 115
Кливленд – Хјустон 88: 120
Денвер – Голден Стејт 115: 108
Минесота – Њу Орлеанс 118: 107
Сан Антонио – Јута Џез 111: 120
Сакраменто – Далас 99: 106.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…