Home Спорт Перез има план за Де Геа! Дали Мурињо ќе одолее на оваа понуда?

Перез има план за Де Геа! Дали Мурињо ќе одолее на оваа понуда?

Познато е дека Давид де Геа е голема опсесија на претседателот на Реал Мадрид Флорентино Перез и ќе направи се за да го донесе на „Сантиаго Бернабеу“.

Шпанските медиуми тврдат дека Перез спрема понуда која „црвените ѓаволи“ нема да можат да ја одбијат. Имено, Реал е спремен да понуди двајца играчи плус пари, така што обештетувањето за Де Геа да достигне до 100 милиони евра.

Станува збор за Матео Ковачиќ и Кејлор Навас. Мурињо е силно заинтересиран за Хрватот во кого гледа идеална замена за Мајкл Керик, а Навас би бил адекватно решение за голманската позиција.

Де Геа неодамна го продолжи договорот со „црвените ѓаволи“, но медиумите тврдат дека сака да се врати во Шпанија.

Останува да се види како ќе реагира Манчестер Јунајтед на оваа понуда, но јасно е дека Реал нема лесно да се откаже од шпанскиот репрезентативец.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…