Home Шоубизнис Тешки обвинувања за Сигал: „Се фрли на мене, плачев цело време и многу ме болеше“

Тешки обвинувања за Сигал: „Се фрли на мене, плачев цело време и многу ме болеше“

Реџина Симонс во 1993 година работела како статистка на сет од филмот On Deadly Ground. Тогаш таа имала 18 години, а во филмот главната улога ја имал славниот Стивен Сигал, кој бил и продуцент на филмското дело.

Реџина сега го обвинува славниот актер за сексуален напад и силување.

Сигал ме повика на забава во неговата куќа. Кога стигнав, сфатив дека никој друг освен мене нема да дојде. Тој веднаш се нафрли на мене и имавме секс. Бев преплашена, ме начека неспремна. Цело време плачев и многу ме болеше, беше три пати поголем од мене“, раскажува таа за The Wrap за нејзиното сексуално искуство со Сигал.

Реџина е припадничка на мормонската црква, па силувањето веднаш го пријавила кај својот свештеник, но тој ја советувал ништо да не кажува, бидејќи „ќе ја бие лош глас“ во нивната заедница. Случајот од 1993 година во полиција е пријавен пред еден месец.

Инаку, Сигал минатата година за сексуална злоупотреба и вознемирување го обвинија три актерки.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …