Home Актуелно Во Гостивар: Колега го прегазил со камион!

Во Гостивар: Колега го прегазил со камион!

Градежен работник кој работел во гостиварска фирма загинал вчера на на локалниот пат за село Падалиште (гостиварско) во несреќен случај при градежни работи за изградба на термоцентрала.

Како што информираат од МВР, М.К. (67) од Гостивар бил удрен и прегазен од товарно возило марка „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки управуван од негов колега и вработен во истата фирма. Возачот не го забележал М.К. и го удрил со задниот дел од приколката по што тој паднал на земја, а потоа бил прегазен со задните тркала во пределот на нозете и починал на самото место.

Смрт била констатирана од лекар од Итната медицинска помош во Гостивар. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Гостивар, во присуство на инспектор од трудова испекција. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…