Home Спорт Статистиката покажа: Вака изгледа дуелот Роналдо – Меси во „Ел Класико“!

Статистиката покажа: Вака изгледа дуелот Роналдо – Меси во „Ел Класико“!

Кој има поголемо влијание врз „Ел Класико“, Кристиано Роналдо или Лионел Меси?

Магазонот „FourFourTwo“ го следеше претставувањето на двете суперѕвезди во најголемиот меч во шпанскиот фудбал. Со помош на статистиката го анализираше белегот кој двајцата го оставија во досегашните дуели помеѓу Барселона и Реал Мадрид.

Со своите 24 гола во 36 меча во сите натпреварувања Меси е апсолутен рекордер со најмногу голови постигнати од еден фудбалер во историјата на „Ел Класико“.

Кристиано до сега има постигнато 17 гола на 28 учества во „Ел Класико“. Португалецот е само на еден гол од рекордерот Алфредо ди Стефано, кој кариерата ја заврши со 18 гола против Барса.

Доста сериозна предност има Меси пред Роналдо и кога се во прашање асистенциите – Аргентинецот има 13, додека Португалецот има само една.

„Десетката“ на Барса има 16 победи во дербито, додека „седумката“ на „кралевите“ бил победик 8 пати. Меси има уште и 8 нерешени и 12 порази, додека Роналдо е со 7 ремија и 13 порази.

За кого од двајцата ќе биде поуспешно следното „Ел Класико“? Одговорот ќе го дознаеме на 23 декември во 13:00 часот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…