Home Актуелно Обвинението од СЈО за случајот „Тенк“ прифатено од Советот за обвинителни акти

Обвинението од СЈО за случајот „Тенк“ прифатено од Советот за обвинителни акти

Советот за утврдување на обвинителни акти го прифати обвинението на Специјалното јавно обвинителство за предметот „Тенк“, потврдија за МИА од СЈО.

Се уште не е утврден датумот за почеток на судењето ниту е определен судија кој ќе го води предметот.

Случајот „Тенк“ се однесува на злоупотреба на службена положба и овластување од страна на поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и началникот за јавни набавки Ѓоко Поповски, односно за набавка на луксузниот мерцедес вреден над половина милон евра, со што му нанеле штета на државниот буџет.

Апелацискиот суд Скопје, како што објави МИА, на 8 ноември одлучи прислушуваните разговори за набавката на мерцедесот да бидат доказ во судењето за случајот „Тенк“.

Извор: Алсат

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…