Актуелно

Прилепски автомеханичар го загуби животот во пожар во неговата работнилница

Шеесет и пет годишниот Ѓ.А. од Прилеп го загуби животот откако вчера околу 13:50 часот избувнал пожар во автомобил во механичарска работилница во Прилеп.

Од полицијата информираат дека додека Ѓ.А. поправал автомобил „Сеат Толедо“ од непознати причини избувнал пожар во возилото, по што мажот се обидел да го изгаси, но паднал во безсознание.

Ѓ.А. бил пренесен во прилепската болница каде била констатирана смрт, а полициски екипи извршиле увид на местото.

Според првичните сознанија Ѓ.А. боледувал од срце.

To Top