Home Шоубизнис Замина една рок легенда: Почина гитарскиот великан Малком Јанг од AC/DC

Замина една рок легенда: Почина гитарскиот великан Малком Јанг од AC/DC

„Со искрена и длабока тага мораме да соопштиме дека почина Малколм Јанг. Малколм, заедно со Ангус, беа основачи и креатори на AC/DC. Со огромна посветеност, беше движечка сила на бендот. Како гитарист, текстописец и визионер, беше перфекционист и уникатен човек. Секогаш се држеше до своите принципи и го кажуваше она кое го сакаше. Секогаш беше доста горд. Неговата посветеност кон фановите беше ненадминлива.

Како негов брат, тешко е со зборови да го изразам она што ми значеше тој во текот на животот, врската која ја имавме беше уникатна и исклучително посебна. Зад себе остави големо наследство кое ќе живее засекогаш.

Малколм, добро завршена работа“, стои во соопштението на официјалниот Фејсбук профил од бендот.

Јанг почина на 65-годишна возраст. Во 2014 година се повлече од музичката кариера поради здравствени проблеми, а неговото семејство тогаш откри дека боледува од деменција. Тој и неговиот брат Ангус беа основачи на еден од најкултните, најлегендарни и највлијателни рок бендови.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …