Home Шоубизнис Култното филмско трио му обезбеди статус на фаворит за Оскар на филмскиот хит

Култното филмско трио му обезбеди статус на фаворит за Оскар на филмскиот хит

По двегодишна пауза, режисерот Стивен Спилберг се враќа со филмот The post, во кој главните улоги ги толкуваат Мерил Стрип и Том Хенкс.

Филмските критичари веќе зборуваат дека новиот филм ќе му обезбеди минимум седум номинации за „Оскар“ на Спилберг и тоа за најдобро сценарио, за најдобар филм, за музика, режија, за главна женска и за главна машка улога и за монтажа.

Филмот е снимен по вистинска приказна од 1971 година кога во јавноста беа објавени тајни документи кои открија недозволни дејства на американската војска во војната во Виетнам.

Документите ќе завршат во рацете на Кеј Греем, вработена во „Вашингтон пост“, која ја глуми Мерил Стрип и која со помош на Бен Брејдли (Том Хенкс) ќе го истражува случајот што би можел да стане тема број еден во светот. На патот ќе им застане американската влада, а целата приказна ќе заврши пред Врховниот суд.

Светската премиера на филмот е закажана за 22 декември, а доделувањето на „Оскарите“ ќе се одржи во февруари.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …