Home Спорт Перо Антиќ во елемент: Швајнштајгер? Кој е тој?

Перо Антиќ во елемент: Швајнштајгер? Кој е тој?

Македонскиот интернационалец Перо Антиќ беше видно расположен после победата на неговата Црвена Звезда во градското дерби над Партизан.

Антиќ со 13 поени и осум скока имаше одличен настап во дербито против Партизан кое црвено-белите го добија со 100:84.

„Сите очекувавме ваков меч. Секое дерби е тешко само по себе и знаеме дека треба да дадеме 100% од силите. Постигнавме 100 поени, а тоа е поради одличните тренинзи. Во клучните моменти добивме самодоверба, постигнувавме поени од секаде и заслужено победивме. Како што и претходно реков, вакви дерби натпревари се добиваат само со срце, а фановите ни дадоа дополнителна енергија“, изјави Антиќ.

Потоа Македонецот беше запрашан дали го забележал Бастиан Швајнштајтер, кој допатува во Белград специјално да го бодри Партизан.

„Кој е тој? Не го ни забележав. Се шегувам, знам кој е тој, но не следам фудбал“, во елемент беше Перо.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…