Home Спорт Видео: Шампионот влезе во серија, Бостон на крилјата на Ирвинг!

Видео: Шампионот влезе во серија, Бостон на крилјата на Ирвинг!

Голден Стејт иако не беше многу шутерски расположен сепак лесно го совлада Мајами, а рутински победи остварија и Бостон и Бруклин.

Синоќа во Окленд гостуваше Мајами Хит, шампионот не ја помина границата од 100 поени, а сепак славеше убедлива победа (97:80). Тоа беше првпат Вориорс да не постигнат троцифрен број поени, но натпреварот беше неизвесен само до крајот на првото полувреме. Во третиот период Голден Стејт засили, поведе со 50:37 и тука беше крајот за Мајами.

Предводник на тимот повторно беше маестралниот Кевин Дурант со постигнати 21 поен, 6 асистенции и 8 скокови,а Стеф Кари кој додаде 16 поени, 4 асистенции и 5 скокови.

Кошаркарите не Бостон Селтикс предводени од новото засилување, Ирвинг извојуваа тешка, но заслужена гостинска победа над Атланта од 107-110 и се зацврстија на челната позиција на Истокот. Поранешниот член на Кливленд постигна 35 поени, додека кај Аталанта се истакна Шредер со 23 поени.

Синоќа сигурна победа запиша и Бруклин Нетс, откако со 92-98 славеше на гостувањето кај Феникс Санс.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…