Home Спорт Раул Гонзалез го напушта Вардар – потпиша за ПСЖ

Раул Гонзалез го напушта Вардар – потпиша за ПСЖ

Шпанскиот стратег Раул Гонзалез на крајот на сезоната ќе го напушти кормилото на европскиот шампион Вардар и ќе се пресели во Пари Сент Жермен, пренесува „Спортмедиа“.

Последните недели Гонзалез беше во центарот на вниманието и многу се шпекулираше со неговата иднина, а сега некои медиуми потврдија дека Шпанецот веќе ставил потпис на договорот со ПСЖ.

Французите успеале да го убедат Шпанецот и наскоро и официјално ќе го промовираат за нов кормилар, а ќе дојде на местото на Звонимир Сердарушиќ, кој своето заминување го најави на стартот на оваа сезона.

Раул Гонзалез веќе четири години е на кормилото на македонскиот шампион Вардар и постигна историски успех кога пред неколку месеци ги искачи „црвено- црните“ на кравот на Европа.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…