Home Актуелно Текстилните работници бараат фиксни придонеси за плати од 12.000 до 18.000 денари

Текстилните работници бараат фиксни придонеси за плати од 12.000 до 18.000 денари

Замрзнување на придонесите, бараат текстилците. За сите работници кои имаат плата од 12 до 18.000 денари, здружението за текстил бара да се плаќаат фиксни придонеси од 5130 денари. Бараат мерката да важи три години, а ќе придонесе да се зголемат платите на работниците, а со тоа и просечната во државата, но и ќе се искорени иплаќањето плата во кеш.

Со ваква мерка, за која уште не разговарале со Владата, сметаат дека ќе им се олесни работата по покачувањето на минималната плата. Исплата на минималецот од 200 евра е голем товар, посебно затоа што најголем дел од работодавачите не добија субвенции. Поддршка од државата е побарана за само 9000 работници, а одобрена е за 6000. Причина е серверот во УЈП кој не ги прифаќал барањата односно не препознавал прекувремени саати, работа во празник, породилно и други боледувања.

Проценките беа дека минимална плата тод 200 евра треба да добијат околу 130.000 работници а најголем дел од нив вработени во текстилната и кожарската индустрија. Во вој сектор работат над 36.000 работници или близу 40 насто од вработените во преработувачката индустрија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…