Home Вебкафе Навивач на годината: Вака се сака својот клуб, вака се навива со сето срце

Навивач на годината: Вака се сака својот клуб, вака се навива со сето срце

Адам е момче заљубено во фудбалскиот клуб Хадерсфилд и во овој момент го живее својот сон. Клубот е во Премиер лиагата, а минатиот викенд оствари историска победа над Манчестер Јунајтед.

Адам беше сведок на историјата бидејќи беше на трибините на стадионот „Џон Смит“ заедно со својот татко.

Адам на трибините најде паричка од 5 фунти, па бидејќи е убаво воспитан не сакаше да ја задржи одлучи да ја испрати до клубот, но со специјална молба.

Тој на директорот Шон Џарвис му испрати писмо со објаснување дека нашол 5 фунти, не знае од кого се, па тие му припаѓаат на клубот. Притоа му сугерираше на директорот да го замоли менаџерот Вагнер парата да му ја даде на фудбалерот Арон Мој кој беше одличен против Јунајтед.

Директорот ја објави целата сторија на Твитер со коментар: „Малиот Адам е класа“, а во приказната се вклучи и Мој кој прифати да ги земе 5-те фунти, но само ако го запознае малиот Адам.

Извор: Спортски.мк

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…