Home Шоубизнис И коњите ѝ носат милиони: Еве колку заработила Елизабета II од коњски трки

И коњите ѝ носат милиони: Еве колку заработила Елизабета II од коњски трки

Кралицата на Велика Британија, Елизабета Втора, своето банкарско конто досега го збогатила за 8,8 милиони долари од коњски трки во кои учествувале коњите кои се во нејзина сопственост, покажуваат податоците на Британската федерација за коњски трки.

Коњите на кралицата победиле 451 пати од вкупно 2.815 трки од 1988 година, кога почнала да се води официјална евиденција.

Минатата година таа беше најпрофитабилна за кралица што се однесува на заработувачката и заработила 731.413 долари. И оваа година и „тргна”, па досега во 2017 година, инкасирала 542.531 долар.

Сè на сè, овие податоци ја прават англиската кралица 11-ти најуспешен сопственик на победнички грла на коњските трки од 1988 година.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Кога започнува Ф1 трката? Како да го гледате Гран При на Бахреин во Малезија, време на почеток, информации за стриминг и стартна постава

Формула 1 се враќа на патеката овој викенд! Тркачкиот спорт е во средината на тројна сериј…