Home Спорт Навас му се закани на Перез: Ќе ги откријам валканите тајни…

Навас му се закани на Перез: Ќе ги откријам валканите тајни…

Дека ситуацијата во соблекувалната на Реал Мадрид не е добра говорат и последните натписи во шпанските медиуми, каде сега главен актер е Кејлор Навас.

Костариканскиот голман не може повеќе да слуша шпекулации за доведување на нов голман кој треба да го заземе неговото место. Медиумите тврдат дека „кралевите“ се во потрага по нов голман, а главни мету се Де Геа, Тибо Куртоа, Уго Лорис и Џиџо Донарума.

Претседателот Флорентино Перез веќе со години сонува за Де Геа откако не успеа да го донесе во 2015 година, па во прв план излезе Кејлор Навас кој брани фантастично откако го наследи Касиљас.

„Дарио Гол“ пренесува дека на Навас му е смачено од постојаните приказни за голман, па наводно му се заканил на Перез дека во јавност ќе ги изнесе сите „валкани тајни“.

Станува збор за една факс преписка во која се наведуваат валканите игри на Реал Мадрид кои се користат за време на преодниот рок.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…