Home Спорт Зидан му одговори на Линекер: Твоите коментари се срам за фудбалот!

Зидан му одговори на Линекер: Твоите коментари се срам за фудбалот!

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан одлучи да одговори на критиите кои легендарниот Гери Линекер ги упати кон Карим Бензема.

Линекер неодамна го критикуваше Карим Бензема преку својот Твитер профил и верува дека не е доволно добар за „кралскиот“ клуб. Тој истакна дека Французинот едноставно мора да постигнува повеќе голови.

Иако Зидан вообичаено не одговара на вакви критики, овој пат реши да застане во одбрана на својот напаѓач.

„За луѓе кои толку многу знаат за фудбалот е срамота така да коментираат. Карим за мене е најдобриот напаѓач. Не знам зошто луѓето мислат дека „деветката“ мора да постигнува 50 гола во сезона. Бензема нема да го направи тоа, но ќе даде 25 или 30 корисни додавања. Вакви коментари ме нервираат, но не можам да ги игнорирам. Очигледно дека луѓето не гледаат колку Безема придонесува за овој тим“, јасен беше Зидан.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…