Home Спорт Како и што се очекуваше: Македонија скокна 18 места на ФИФА листата!

Како и што се очекуваше: Македонија скокна 18 места на ФИФА листата!

Последните позитивни резултати очекувано на македонската фудбалска репрезентација и донесоа скок од 18 места на најновата ФИФА ранг листа.

Нерешениот резултат во Торино, против Италија и триумфот над Лихтенштајн во Струмица ја вратија Македонија меѓу најдобрите 100 светски репрезентации, па сега на најновата ФИФА листа се наоѓаме на 85-то место.

Во европски рамки Македонија е на 38-та позиција и сега се наоѓаме пред Кипар, Ерменија, Белорусија, Луксембург, Грузија, Азербејџан…

На новата ФИФА-листа се случија и неколку промени во Топ 10, каде се врати Шпанија, а испадна Швајцарија, а за првпат меѓу најдобрите десет се најде и репрезентацијата на Перу.

ФИФА-листата ја предводи Германија, а потоа следуваат Бразил, Португалија, Аргентина, Белгија, Полска, Франција, Шпанија, Чиле и Перу.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…