Home Спорт Фото: Спектакуларните кореографии од миланското дерби!

Фото: Спектакуларните кореографии од миланското дерби!

Синоќа на програмата беше миланското дерби „Де ла Мадонина“ кое како и секогаш донесе големи возбудувања како на теренот така и на трибините.

„Де ла Мадонина“ е едно од најголемите градски дербија во светот, а клубовите заедно имаат 10 европски титули.

Синоќешното дерби донесе рекорден профит од 4,8 милиони евра за Интер, кој беше домаќин, а свое шоу на трибините имаа секако и фановите.

Миланското дерби никогаш не поминува без кореографии. Фановите на Милан истакнаа мотиви од историскиот споменик на Милано, Арко дела Паче заедно со пораката: „Per aspera ad astra“ (низ трње до ѕвездите).

Фановите на Интер, популарната Курва Норд преку кореографијата порачаа: „Дади гол, стори го тоа за Норд“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…