Home Шоубизнис Има над 3,7 милиони следбеници: Таа е најсексапилната медицинска сестра на Инстаграм

Има над 3,7 милиони следбеници: Таа е најсексапилната медицинска сестра на Инстаграм

Лорен Дрејн од Флорида многумина ја прогласија за „најсекси медицинска сестра на Инстаграм“, а ќе ви стане јасно зошто и како го заслужи тој статус кога ќе погледнете неколку фотки од нејзиниот личен профил кој го следат на 3,7 милиони обожаватели.

31-годишната медицинска сестра специјализирана за кардиологија кариерата во здравството ја започна на 16 години, а денес работи и како лична фитнес инструкторка.

Иако знае да работи и по 13 часа дневно, секогаш наоѓа време за интензивни тренинзи, кои се причината за нејзината одлична телесна форма. Верува дека активниот животен стил е клучот за долготрајно здравје, пренесува Daily Mail.

„Активниот животен стил го намалува ризикот од болести и промовира општо добро“, вели таа и додава дека својот одличен физички изглед воопшто не го должи на некаков генетски код, туку исклучиво на макотрпното и посветено вежбање и работа.

Признава дека поради тоа често се бори со предрасудите кои луѓето ги имаат кон „фитнес моделите од Инстаграм“.

Освен на Инстаграм, активна е и на својот блог, каде промовира физички вежби и заговара здрав живот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Најл Димарко ќе се приклучи на „All’s Fair“ за втората сезона

Најл Димарко го доби својот следен ТВ ангажман! Во понеделник (5 октомври), Deadline објав…