Home Наука и техонологија Русија се заканува: Ќе го блокираме Фејсбук!

Русија се заканува: Ќе го блокираме Фејсбук!

Руската федерална служба за надзор на комуникации се закани со блокада на социјалната мрежа Фејсбук од наредната година, доколку компанијата не ги почитува руските закони за интернет.

Александар Жаров, директор на руското медиумско регулаторно тело Роскомнадзор, во вторникот изјави дека ќе работат на тоа Фејсбук да ги усогласи своите политики со законот за пристап до лични податоци во Русија.

Законот за интернет во Русија на странските компании им наложува дека задолжително треба да ги достават личните податоци од корисниците до властите, што многумина го критикуваа како контроверзен услов.

Жаров изјави дека руската Влада го разбира фактот оти Фејсбук е „уникатна платформа“, но предупредува дека нема да прави никакви исклучоци и дека ќе бидат принудени да го блокираат Фејсбук следната година доколку американската компанија не се придржува до руските закони.

Најди ги најдобрите казино бонуси на casinobonus.mk.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Наука и техонологија
Comments are closed.

Check Also

Туморот престанал да се развива кај сите вакцинирани пациенти – BioNTech претстави лек против рак

Германската компанија Biontech (BioNTech) во моментов ги зголемува надежите во борбата про…