Home Актуелно Нов спот и концерт на Linkin Park, во чест на Честер Бенингтон (видео)

Нов спот и концерт на Linkin Park, во чест на Честер Бенингтон (видео)

После смртта на Честер во јули оваа година, бендот ќе се собери повторно на 27 октомври, за да одржат концерт, и сите собрани средства ќе бидат донирани во фондацијата “One More Light”. Фондацијата е основана во чест на пејачот Честер Бенингтон.

Во склоп со најавата за концертот, Linkin Park објавија и видео за еден од последните албуми. Видеото е режирано од Џо Хан, кој е член на бендот. Се работи за видео со емотивна содржина, во која е прикажана компилација на сцени од настапите на Честер.

“Беше многу емотивно да се работи на ова, а посебно гледањето на сите настапи. Работејќи го ова, се соочивме со некои од нашите најголеми стравови, но им донесовме светло на луѓето на кои тоа им е потребно. “, изјави Џо Хан.

На крајот на видеозаписот може да се прочита порака: “Честер, во нашите срца запали пламен од страсти, смеа и храброст. Ни недостигаш, брате. Џо, Мајк, Бред, Дејв и Роб”.

Картите за овај едновечерен перформанс на кој ќе присуствуваат и други бендови и уметници, ќе може да се најдат во продажба од 19-ти септември.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Најдраматичните љубовни приказни на познатите кои нема да ве остават рамнодушни

Во светот каде љубовта често изгледа како совршена бајка, постојат приказни кои не само шт…