Home Актуелно Човекот кој бараше локација за новата сезона на ’Наркос’, убиен на некој правлив пат во Мексико

Човекот кој бараше локација за новата сезона на ’Наркос’, убиен на некој правлив пат во Мексико

Карлос Муњоз, задолжен да бара локации за снимањето на Наркос, застрелан е во Мексико, додека работеше за новата четврта сезона на Нетфликс за мексиканските картели.

Шпански Ел Паис се повика на негов пријател, кој им потврди дека е убиен пред неколку дена. Пронајден е со повеќе рани од куршуми, во автомобил покрај правлив пат во Темаскалапа, десетина километри од влезот во Мексико Сити.

Инаку, округот во кој е пронајден е еден од поопасните делови во земјата.

Официјални детали нема, но како што стојат работите, Муњоз работел сам во прилично насилна околина. Имал 37 години, а последните 10 работел на повеќе филмови и серии. На Наркос е ангажиран како ’Location manager’ од првата сезона.

Нетфликс издаде штуро официјално соопштение. Покрај изразите на сочувство до семејството, пишуваат дека „истрагата трае па околностите за неговата смрт се уште се непознати“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …