Home Актуелно Законот за употреба јазици помина во Комисијата за европски прашања

Законот за употреба јазици помина во Комисијата за европски прашања

Комисијата за европски прашања денеска го завршила претресот по Законот за употреба на јазиците, во прво читање.

Комисијата со 9 гласа „за“, и ниту еден глас „против“ и „воздржан“ го усвоила заклучокот дека законот е прифатлив, и од аспект на неговата усогласеност со правото на ЕУ, и тој треба да се даде на натамошно читање, се наведува во соопштението на претседателот на Комисијата, Артан Груби.

Во текот на тридневната расправа во Комисијата, учествуваа пратениците:Антонио Милошоски, Џеват Адеми, Илија Димовски, Стево Пендаровски, Мирсада Емини, Весел Мемеди, Реџаил Исмаили, Владанка Авировиќ, Петре Шилегов, Невенка Стаменковска, Нола Исмајлоска, Жаклина Пешевска, Трајчо Димков, Зекир Рачмиловиќ, Шпреса Хадри, Димитар Стевананџија,Фадил Зендели, Томислав Тунтев.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…