Home Шоубизнис Не го пуштија да влезе во бар: Џабе е принц, кога нема лична карта

Не го пуштија да влезе во бар: Џабе е принц, кога нема лична карта

На данскиот принц Фредерик не му бил дозволен влез во еден бар во Австралија, оти со себе не носел документ којшто би докажал дека тој има доволно години за да може да влезе во објектот, јави ДПА.

Четиридесет и деветгодишниот дански престолонаследник викендов посакал да го посети барот „Џејд Буда“ во Бризбејн, но останал вџашен кога му кажале дека тој и неговите придружници мора да имаат соодветна идентификација за да влезат. Австралиската сојузна држава Квинсленд има строги закони за алкохол, коишто налагаат задолжителна идентификација со возачка дозвола или пасош за влез во угостителски објекти по полноќ.

Така, принцот си отишол, но по 15 минути се вратил во друштво од седум дипломати кои имале задача да го уверат управителот на барот, дека принцот е полнолетен.

Законот е воведен во јули годинава за „да го намали ризикот од штетните последици од алкохолот”. Луѓето пак, го оценуваат како „смешен“ и „кошмарен од гледна точка на туристите”.

Инаку, познато е дека принцот Фредерик ја запознал својата сопруга Мери Доналдсон, која е родум од Австралија, во бар во Сиднеј за време на Олимписките игри во 2000 година.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …