Home Спорт Кутињо официјално побара трансфер – го пропушта првото коло!

Кутињо официјално побара трансфер – го пропушта првото коло!

Бразилецот од редовите на Ливерпул, Фелипе Кутињо е главна тема на Островот поради неговиот можен трансфер во Барселона.

Утрово Ливерпул преку официјално соопштение потврди дека нема да ги разгледува понудите за Кутињо и дека Бразилецот сигурно останува на „Енфилд“.

Веднаш потоа „црвените“ соопштија дека Кутињо заработил повреда и дека два дена не тренирал со остатокот од тимот, па најверојатно ќе го пропушти првото коло во Премиер лигата, викендов против Ватфорд.

Фановите на Ливерпул се разочарани и сметаат дека ова е само еден од начините Кутињо да го забрза својот трансфер во Барселона.

Британскиот „Скај Спорт“ пак пренесува дека Бразилецот официјално побарал од раководството на клубот да му биде дозволен трансфер во Барселона и е разочаран што клубот не го пушта да се пресели на „Камп Ноу“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…