Home Спорт Удар за Шпанија: Љуљ се повреди – го пропушта Евробаскетот!

Удар за Шпанија: Љуљ се повреди – го пропушта Евробаскетот!

Шпанската кошаркарска репрезентација се соочува со големи проблеми, откако остана без еден од клучните кошаркати, Серхио Љуљ, кој нема да биде во можност да настапи на Европското првенство поради повреда.

Плејмејкерот на Реал Мадрид доживеа тешка повреда на пријателскиот натпревар со Белгија, кој Шпанија го загуби со 71:89.

Љуљ на мечот со Белгија ги скина предните вкрстени лигаменти во коленото поради што ќе паузира од шест до девет месеци.

„Ќе се вратам“, порача на „Твитер“ играчот на Реал кога дозна колкава пауза го очекува.

Европското првенство ќе се одржи од 31 август до 17 септември.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…