Home Вебкафе Тиркизна вода и бел песок – фантазија од сезонски оази среде песочната пустина

Тиркизна вода и бел песок – фантазија од сезонски оази среде песочната пустина

Сезоната на дождови во бразилскиот Национален парк Ленсојс Маранјенисис е мошне тешка. Од јануари до јуни секоја година има многу силни бури, но пустината потоа се претвора во вистински рај.

Од јули до септември секоја година откако дождовите ќе се смират, во Ленсојс Маранјенисис (на португалски „чаршавите на Марањаоа“) може да се најдат илјадници тиркизни лагуни и бели песочни „плажи“.

Иако оваа област која зазема повеќе од 1.000 квадратни километри мошне потсетува на пустина поради обилните врнежи од дожд кои ги има во сезоната на дождови не се класифицира така.

По септември базените исчезнуваат и зад себе оставаат пустош – се до следната година.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…