Home Актуелно Од денес парното поевтинува во просек за 2,75 отсто

Од денес парното поевтинува во просек за 2,75 отсто

Потрошувачите од Скопје кои се снабдуваат со топлинска енергија од „Балкан енерџи груп“ (БЕГ) од утре, 1 август, во просек ќе плаќаат 2,75 отсто пониска цена за парно греење.

Кај компаниите од Групацијата БЕГ, преку кои се снабдуваат повеќе од 47.000 активни потрошувачи, односно најголем број потрошувачи кои се поврзани со системот за централно греење во градот Скопје, годишниот надоместок за топлинска енергија за просечен потрошувач од сите категории потрошувачи (домаќинства, образование и други) се намалува 2,75 отсто.

„Со оваа одлука продолжува трендот на намалување на цената на топлинската енергија за потрошувачите приклучени на системот за централно греење кој го управува Групацијата БЕГ, односно од 2013 година досега цената за домаќинства е кумулативно намалена 31,32 отсто“, соопшти РКЕ.

Во однос на тарифите за крајните потрошувачи кои ќе се применуваат од 1 август, тарифата за топлинска енергија за категориите домаќинства и образование ќе се намали 3,88 отсто во споредба со досегашната тарифа.

Во однос на предлог-одлуката која се однесува на„ ЕЛЕМ Енергетика“, севкупно земено, во просек кај сите категории потрошувачи има намалување на надоместокот за топлинска енергија од 0,11 отсто во споредба со досегашните цени и тарифи.

Во просек, пак, потрошувачите приклучени на системот на Скопје Север ќе добијат пониски сметки за 1,69 отсто.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…