Братот од Лејди Ди, Чарлс Спенсер, бара да не се прикажува документарецот за принцезата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Речиси 20 години по смртта на британската принцеза Дајана, нејзиниот брат Чарлс Спенсер, побара од британскиот „Канал 4“ да се откаже од прикажувањето на документарниот филм за сестра му.

Во него Дајана открива чувствителни детали за својот љубовен живот и дава вознемирувачки искази кои би можеле штетно да влијаат на принцовите Вилијам и Хари, наведува Daily Mail, повикувајќи се на изјава на братот од Дајана.

Британскиот „Канал 4“ ја потврди оваа вест, но, сепак, ќе го емитува документарниот филм во најавениот термин во недела.

Британските медиуми пренесуваат дека принцезата Дајана во филмот го опишува венчањето со принцот Чарлс како најлошиот ден во животот. Пред венчањето, наводно, се сретнале само 13 пати, а нивните сексуални односи во бракот биле сведени на минимум.

Чарлс по секоја цена сакал да ја задржи Камила како љубовница.

„Одбивам да бидам единствениот принц во Велс кој нема љубовница“, според кажувањата, велел принцот Чарлс.

Кралското семејство не ѝ помагало на принцезата Дајана да ги среди брачните проблеми. Таа детално ги опишувала и романсите со телохранителот, кој загинал во несреќа со мотоцикл во 1987 година. Дајана загина десет години подоцна на 31 август 1997 година во сообраќајна несреќа во Париз.

„Канал 4“ наведува дека филмот има историски карактер и затоа го одбиле барањето на братот на принцезата.
Против емитувањето на филмот се и други нејзини пријатели, кои исто така сметаат дека тоа би влијаело лошо на нејзините синови.