Home Актуелно Хорор во Швајцарија: Одел по улици со моторна пила и напаѓал луѓе

Хорор во Швајцарија: Одел по улици со моторна пила и напаѓал луѓе

Најмалку пет лица се повредени, од кои две добиле тешки повреди, во напад на се уште неидентификуван маж во швајцарскиот град Шафхаузен, објави локалната полиција.

Британскиот „Индипендет“ пренесе дека поради нападот, полицијата го блокирала градот кој се наоѓа во близина на границата со Германија.

Сопственик на дуќан во делот на градот каде што се случил нападот за швајцарскиот весник „Блик“ рекол дека маж со моторна пила се движел по улиците и напаѓал минувачи, но оваа информација не е официјално потврдена.

Портпаролката на полицијата во Шафхаузен рекла дека органите на прогонот се во потрага по напаѓачот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Најдраматичните љубовни приказни на познатите кои нема да ве остават рамнодушни

Во светот каде љубовта често изгледа како совршена бајка, постојат приказни кои не само шт…