Судијката која требаше да одлучува за притворите на Грујовски, Јакимовски и Бошковски на боледување


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Судијката во Врховниот суд, Рахилка Стојковска, која беше дел од Кривичниот совет кој го ослободи од притвор бизнисменот Сеад Кочан, била на боледување, па веројатно е дека нема да одлучува за притворите на обвинетите Грујовски, Јакимовски и Бошковски, за кои течат роковите, пренесува Макфакс.

Судијката Стојковска беше ставена во Кривичниот совет кој одлучуваше за укинувањето на притворот на Кочан, откако претходно претседателот на судот, трипати го менуваше распоредот на судии. Вангеловски, прво ја прераспореди екс-претседателката Лидија Неделкова и на нејзино место ја донесе судијката Лидија Тасева. Потоа ја тргна и Тасева и на тоа место ја донесе судијката Рахилка Стојковска. Гласањето за случајот со Кочан, покажа дека токму гласот на судијката Стојковска го обезбеди тесното мнозинство за да помине одлуката за ослободувањето.

Според праксата кога дел од судиите се на годишен одмор, доволно е само еден од членовите на Советот кој ќе одлучува за притворите на најблиските сорабтоници на екс-директорот на УБК, Сашо Мијалков, да биде кривичар, а останатите членови може да бидат судии од Одделот за граѓански постапки или од Одделот за судење во разумен рок.

Претседателот на судот, Јово Вангеловски, вчера веќе се изјасни дека ќе биде дел од Кривичниот совет, кој конечно треба да пресече дали Горан Грујовски, Тони Јакимовски и Никола Бошковски ќе се бранат од слобода.