Најомразени професии во Македонија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тешко се наоѓа работа во денешно време. Или сакаат да им работиш до полноќ и да почнеш пак од 5 или плаќаат колку да јадеш геврече цел ден. Како за капак на се сите околу тебе те пцујат, неблагодарна работа. Ви претставуваме неколку професии кои се најлоши кај нас.

Тие со водата

Не знаеме како се викаат, но се многу досадни. Идат секој месец кај вас и мора да си дома. Влегуваат обуени, ти си по боксерки а девојката гола во другата соба. Кажуваат глупави шеги влегуваат во купатилото и си одат, а ти во главата си мислиш што побрзо да им опцуеш

Фудбалски судија


Единствените кои се послаби од нашите фудбалери се нашите судии. Нема друго мислење по ова прашање. Свират офсајд кога нема, но не го креваат знаменцето кога играчот е 5 метри зад одбраната. Има случаи кога по неколку илјади луѓе сакаат да бида то со жената која го родила или пак со таа со која сега спие. Да не се заборави судија кога и да го тепаш е касно .

Паркинзи и гаражи

Ако има нешто што го пцуеме секој пат кога ќе го видиме тоа е шоферот на ,,Пајакот,, и сите негови сопатници. Имаме сомнеж дека за оваа професија се бараат само хомосексуалци но тоа се непотврдени муабети.

Ветеринар на село


Тие момци се многу злобни и не можеш да ги доброиш. Му даваат погрешна вакцина на коњот и тој умира сиромашкиот. Бараш објаснување од него а тој мирен- пали цигара го гледа календарот и ти вели: ,,Да во ова време на годината умираат, мала е веројатноста но умираат. Селскиот ветеринар секогаш прави што сака и ги сака парите повеќе отколку што ги сака животните. Тие се многу омразени од селаните исто како попот, учителот..

Стоматолог


Не можеме да најдеме зборови со кои ќе ја опишеме симбиозата помеѓу страв и злоба кои ги чувствуваме кон претставниците на оваа професија. Толку болка за 40 минути не сме поднесувале никогаш пред тоа. Болката кога ќе го слушнеме звукот на машинката, болката кога ќе ти ја забијат иглата во живиот нерв, болката што ни го принудува срцето да ни заплаче кога ќе ни земат 150 евра.

Автомеханичар


Што направи , на што личи ова.
Слеп човек да ремонтираше ќе го направеше подобро од тебе.
Ова се само дел од репликите што секој маж ги упатил кон автомеханичарот. Самоуките се секогаш напаѓани. Ама навистина не е нормално 4 дена да ја поправиш колата за 3 дена да ја возиш.

Сообраќаен полицаец
Најпцуените професии ги оставаме за крај. Толку вицови и ма за тие со палките што не знаеме од каде да започнеме. Треба да забележиме дека тие се едни добронамерни луѓе што ни мислат добро и покрај тоа тие се пцуени најмногу на мајка, тетка, сестра, ќерка, чичко вујна. Чичко полицаец те тера да имаш каиш и да не зборуваш на телефон додека престигнуваш на полна.

Пратеник
Роко Зифреди да ги помини.

Тие од call – центрите


Има два вида терористи – собирачи и предлагачи. Едните собираат задолжување, другите ти предлагаат работи. Повеќе ги мразиме тие од банките кои само ти напомнуваат дека им должиш пари. Се нервираме што никогаш не прашуваат : „Како сте? Дали зедовте плата? Имате ли редовен секс?“ или нешто слично. Така и да ги разбереме некако, а дотогаш само со клетви. Да си знаат!