Home Актуелно На барање на француското судство Европскиот парламент му го одзеде имунитетот на Жан Мари Ле Пен

На барање на француското судство Европскиот парламент му го одзеде имунитетот на Жан Мари Ле Пен

Европскиот Парламент денеска им го одзеде имунитетот на двајца европратеници од францускиот крајно десничарски Национален фронт, од кои единиот е Жан Мари Ле Пен, и тоа на барање на француското правосудство, пренесоа француските медиуми.

Жан Мари Ле Пен, почесниот претседател на НФ, чиј лидер е неговата ќерка Марин Ле Пен, е под истрага за изјава од 2009 година, во која кажал дека 90 проценти од криминалите се предизвикани или од имигрант или од човек со имигрантско потекло.

Истрагата е поведена под сомнение за јавно клеветење со расистички карактер.

Вториот европратеник од НФ, Милен Трошински, е под истрага за истото јавно клеветење со расистички карактер и подбуцнување кон омраза и насилство, затоа што во 2015 година на Твитер пуштила снимка на целосно забулени жени пред каса за добивање социјална помош, но снимката се покажала како фотомонтажа, додаваат француските медиуми.

Европскиот Парламент денес ќе разгледа уште едно барање за одземање на пратенички имунитет, на Марин Ле Пен, обвинета за клевета од десничарскиот градоначалник на Ница, Кристијан Естрози. Таа во мај 2015 година изјавила дека тој ја финансира Унијата на исламски организации во Франција. Оваа унија е поврзана со Муслманско братство, кое обединува 250 асоцијации и го практикува конзервативниот ислам.

Француското правосудство во април, исто така, побара одземање на имунитетот на Марин Ле Пен заради истрагата за фиктивно вработување на соработници на европратениците од Националниот фронт, забележѓуваат француските медиуми.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…