Home Актуелно Богданчани утре гласаат на референдум за или против изградба на рудник

Богданчани утре гласаат на референдум за или против изградба на рудник

Жителите на општина Богданци утре ќе се изјаснуваат околу изградбата на рудникот за катоден бакар во Казандол. Право на глас имаат околу 7000 лица запишани во Избирачкиот список, а референдумското изјаснување е предвидено да се одржи на 12 избирачки места во општината.

Граѓаните ќе може да се изјаснат дали се за да се стопира или не изградбата на рудникот во Казандол, но и ќе може да одговорат на прашањето за тоа дали би дозволиле експлоатација на било каква руда во иднина во границите на оваа општина.

За успешно спроведување на референдумот е неопходно на гласањето да излезат минимум половина плус еден од запишаните избирачи во Избирачкиот список во општина Богданци. Притоа, мнозинството од излезените граѓани треба да се одлучат за стопирање на изградбата на идниот рудник во Казандол. Во согласност со македонската легислатива, одлуката на граѓаните од референдумското изјаснување е дефинитивна, по што општинските власти ќе бидат приморани да ја спроведат.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…