Home Актуелно Меркел: Се радувам што ќе се сретнам со Заев

Меркел: Се радувам што ќе се сретнам со Заев

Германската канцеларка Ангела Меркел му го честиташе изборот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за премиер и формирањето нова влада.

„Се радувам што лично ќе се запознаеме на следната Конференција за Западен Балкан на 12 јули во Трст“, се вели во честитката на Меркел до премиерот Заев.

Германија решително ќе ја подржи Македонија во заложбите за влез во НАТО и на ЕУ. „Сојузна Република Германија со задоволство ќе Ве поддржи во Вашите заложби“, додаде Меркел во честитката.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…