Home Спорт Меси не се појави на сослушување во Цирих!

Меси не се појави на сослушување во Цирих!

Еден од најдобрите светски фудбалери, Лионел Меси, не се појави на сослушувањето во седиштето на ФИФА, во Цирих, поради суспензијата од четири натпревари во репрезентацијата на Аргентина.

Меси не се појави на сослушувањето во Цирих поради семејни причини, а новиот датум дополнително ќе биде одреден. Инаку, Аргентинецот доби суспензија од четири натпревари бидејќи на 24 март во квалификациите за пласман на Мундијалот, наводно со погрдни зборови му се обратил на еден од помошните судии.

Фудбалската асоцијација на Аргентина ја обжали одлуката на ФИФА, а Меси тврди дека не го навредил судијата. Тој побара да биде прегледана видеоснимката.

Доколку жалбата биде одбиена тогаш Меси нема да може да игра до крајот на квалификацискиот циклус. Аргентина до крајот на квалификациите ја очекува жестока борба за пласман на СП во Русија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…