Home Вебкафе Ги поремети Роналдо и компанија: Најдоброто голманско издание во историјата на Ел Класико

Ги поремети Роналдо и компанија: Најдоброто голманско издание во историјата на Ел Класико

Марк Андер тер Штеген неоправдано остана во сенка на Лео Меси после величенствената победа на Барса на „Сантиаго Бернабеу“ од 2:3.

Нормално, сите заслуги одат на сметка на Меси, но ако германскиот голман во шест наврати не го одбранеше голот на Каталонците, денес немаше да пишувавме, читаме и говориме за големата победа на Барса, туку како Реал со победа го „дотолчи“ најголемиот ривал.

Статистиката е неверојатна за 24-годишниот голман чии три години во Барселона ги одбележаа повреди, ротации со Браво и неколку киксови оваа сезона. Откако се промовираше во прв голман на Барса, како целиот тим да доживеа пад на формата, а посебно на удар беше после поразите од Селта и Јувентус.

Сепак, немаше подобро место и време за повторно да блесне на голот на Каталонците. Дури 12-те одбрни кои ги имаше на Ел Класико е најмногу што еден голман на Барса ги имал во еден меч уште од сезоната 2003/04, кога на голот беше Виктор Валдес.

Со овие 12 одбрани, до кои дојде запирајќи ги шутевите од сите оддалечености, Тер Штеген го сруши сопствениот рекорд по бројот на одбрани на еден натпревар во шпанското првенство.

Да се потсетиме на сите одбрани на Тер Штеген на последното Ел Класико од минатиот викенд.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Како да се преживее секојдневниот хаос: мини водич за деновите кога сè оди наопаку (ама ние сè уште истрајуваме)

ДА ГО ПРЕЖИВЕЕШ СЕКОЈДНЕВНИОТ ХАОС: МИНИ ВОДИЧ ЗА ОНИЕ ДЕНОВИ КОГА Сѐ ОДИ ПО НАГОРНИЦА (АМ…