Home Актуелно Најголемиот досега пронајден на Земјата: Дознајте чиј е овој џиновски отисок

Најголемиот досега пронајден на Земјата: Дознајте чиј е овој џиновски отисок

Истражувачи од Австралија го пронајдоа најголемиот отпечаток од диносаурус во светот досега, што и дава посебно место на земјата на палеонтолошката мапа, објави „Дојче Веле“.

Отпечатoкoт е oд видот стегосауруси, и е со должина од 1,7 метра. Тоа е всушност само еден од вкупно 21 различен вид отпечатоци, најдени на полуостровот Дампир, што се наоѓа во северозападниот де од Австралија.

„Претходно, за најголем отпечаток од стапало на диносаурус се сметаше оној пронајден во Монголската Пустина лани, којшто беше долг 106 сантиметри“, изјави професорот Стив Салисбери, кој е дел од експедицијата.

Откритието е на научници од универзитетот „Џејмс Кук“ во Квинсленд.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…