Рускиот банкарски гигант го напушта украинскиот пазар


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Најголемата руска банка Сбербанк објави дека го продала својот удел во Украина.

Во соопштението на финансиската институција чиј контролен удел се држи од руската држава, се наведува дека таа има склучено договор со конзорциум од инвеститори. Во неговиот состав влегуваат како латвиската Норвик банка, така и приватни компании од Белорусија.

Договорот се очекува да биде завршен во првата половина на 2017 година, посочуваат од Сбербанк, пренесува Макфакс.

Банката се соочува со потешкотии во Украина од 2014 година, кога руската држава го анектира полуостровот Крим. Според украински активисти Сбербанк е симбол на несаканото руско присуство во земјата и нејзините филијали и згради кои често пати станувале предмет на вандализам во последните три години.

На 16 март украинскиот претседател Петро Порошенко воведе едногодишни санкции на голем број руски државни банки во земјата, вклучувајќи ја и онаа на Сбербанк, кои и забрануваат да го извезува нејзиниот капитал надвор од земјата.

Во рамките на кампањата за одземањето на лиценцата на банката во Украина, претходно овој месец активисти го заѕидаа влезот на една нејзините филијали во Киев.