Home Актуелно Левица го осуди и политичкото агитирање во школски објекти: Каде е просветниот инспекторат?

Левица го осуди и политичкото агитирање во школски објекти: Каде е просветниот инспекторат?

Левица ЛО Прилеп остро ја осуди, како што вели, бескрупулозната и бизарна политичка агитација од директорот на гимназијата Мирче Ацев во Прилеп во рамки на училишниот објект, насочена кон малолетните средношколци кои учат во тоа училиште.

По објавената снимка на директорот на болницата во Прилеп, не заостанува ни директорот на градската гимназија. На снимката која е објавена се слуша како директорот политички агитира помеѓу малолетните ученици да се приклучат кон протестите за унитарна Македонија. Со тоа е прекршен член 7 од законот за средно образование кој вели дека во средното училиште е забрането секакво политичко и верско организирање и дејствување, реагираат од Левица.

Оттаму прашуваат дали во земјава има просветен инспекторат кој ги спроведува законите.

Колку далеку може да отиде злоупотребата на малолетни деца во јавна институција за едукација, се со цел остварување на тесните партиски интереси? Истовремено, бараме директорот да си ја признае грешката и веднаш да си поднесе оставка и бараме да се дадат соодветните казни за прекршувањето на законот, велат од Левица ЛО Прилеп.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…