Home Живот и здравје Имунитетот и напорните физички вежби – каква е поврзаноста?

Имунитетот и напорните физички вежби – каква е поврзаноста?

Бројни научни истражувања потврдија дека умерената физичка активност поволно влијае на здравјето така што го намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања, дијабетис и некои облици на карцином, го подобрува расположението и го подобрува квалитетот на животот.

Меѓутоа една неодамнешна студија покажа дека непосредно по напорниот тренинг, особено по вежбите за издржливост, имунолошкиот систем е привремено ослабен што телото го прави подложно на болести.

Имено, долготрајните вежби со ретки паузи претставуваат интензивен физички стрес што може да се поврзе со зголемениот ризик од инфекции и намалување на ефикасноста на имунолошкиот систем.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Долговечност на јапонски начин: 14 мудри тајни за подолг, поздрав и посреќен живот

Во свет каде што сите постојано ја бркаат младоста, долговечноста стана водилка на совреме…