Home Актуелно Железничкиот сообраќај и денес блокиран

Железничкиот сообраќај и денес блокиран

Железничкиот сообраќај во Македонија петти ден е во целосен прекин поради протестот на вработените кои бараат целосна исплата на јануарската плата.

Како што информираат од Железничката станица во Скопје, и денеска не сообраќаат патничките и товарните возови.

Според организаторите на протестот, Независниот синдикат на МЖ, СЖМ Инфраструктура и АНС Железничар, прекинот на сообраќајот ќе продолжи се додека не се исполнат поставените барања за целосна исплата на платата за јануари.

Од Македонски железници Транспорт вчера соопштија дека до крајот на месецов ќе изнајдат начин да го исплатат првиот дел од јануарската плата, а од 10 март и вториот дел од платата, што, пак, за синдикатите организатори на протестот е неприфатливо и инсистираат на целосна исплата.

МЖ Транспорт информираше и дека во соработка со Владата треба да се финализира и решението за подолгорочно решавање на состојбата во Македонски железници.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…