Home Актуелно Во снежна лавина во француските Алпи загинаа најмалку четвири лица

Во снежна лавина во француските Алпи загинаа најмалку четвири лица

Најмалку четири лица загинаа, а пет други се водат како исчезанти, откако денеска биле однесени од снежна лавина во близина на зимското одморалиште Тињ во францускиот дел на Алпите.

Инцидентот се случил на надвор од одбележаните скијачки патеки во близина на Тињ.

Според претставник на полицијата од Куршевал, до денеска нешто по пладне спасувачите тимови ги пронашле телата на четворица од настраданите, додека за останатите пет се претпоставува дека се уште заробени под снегот.

„Пет лица сè уште се затрупани со големо количество снег врз нив“, изјави претставник на спасувачките екипи, изразувајќи песимизам околу можноста тие да се живи.

Инцидентот се слулчил околу 10.35 часот на 2.100 метри надморска височина, објави весникот „Дофине“, додавајќи дека лавината, која била широка 400 метри, се одронила при минувањето на група скијачи кои биле на одмор во Тињ.

Во потрага по исчезнатите се вклучени скијачка патрола од Тињ и неколку тимови со кучиња за пребарување.

Ова е најсериозен инцидент од почетокот на оваа скијачка сезона во Франција. За денеска ризикот од лавина бил оценет со три на скалата до пет степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…